Колку Трамп ќе зацапа во Сирија?

Бидејќи со Трамп никогаш не си на чисто кога е сериозен а кога се чалами со твитови, на клучното прашање за светскиот мир во овој момент, колку САД навистина мислат да се ангажираат во Сирија, некои обриси на одговорот дава воениот буџет на Америка. Не е дека нема пари.  

Иако актуелната американска администрација на почетокот беше колеблива околу ново воено заплеткување на Блискиот исток, воените структури на САД и нивните политички предузимачи навреме имаат обезбедено средства да си поиграат малку.

За фискалната 2019 година, за операции во Сирија Департментот за одбрана има резервирано 15,3 милијарди долари. И уште една милијарда настрана, од други фондови и извори.  Тоа е најголем износ во последните години.

Сепак, ваквата воена ангажираност во Сирија останува мала во споредба со ангажманот во Авганистан и Пакистан. Во 2011 година, во тие земји САД воено потрошија 120 милијарди долари. За нив и во 2018 година предвидениот буџет е двојно поголем отколку оној за Сирија.

12 април 2018 - 09:06