Кога Алиоски влегол со кромид на оток во соблекувална на Лидс Јунајтед

Македонскиот репрезентативен лев бек Езѓан Алиоски го имаше врвот на кариерата во англиски Лидс Јунајтед. И тоа под водство на „лудиот“ Марсело Бјелса со кого играа во Премиер лига. Најјак голгетер на екипата беше Патрик Бамфорд кој во еден подкаст раскажал каква луда глава бил Алиоски и кога еднаш во соблекувална дошол со кромид на оток на зглоб па цела соблекувална мирисала на кромид.

„Еден ден добил удар или нешто, се повреди на натпревар, и следниот ден дојде, влезе во физиотерапевтска соба - беше во тренерки а имаше смешна миризба. Помисливме што ли е ова?! Ги соблече тренерките и имаше врзан исецкан кромид на ногата. И знаете што? Му помина на Алиоски! Беше подобар после, држел кромид две ноќи и се опорави“, раскажува јунакот на навивачите на Лидс Јунајтед голгетерот Патрик Бамфорд.

Џани Алиоски стана легенда на Лидс со 170 настапи за овој клуб од Западен Јоркшир. 

22 јуни 2024 - 09:44