Ставот на демократите е дека кога ќе дојде овој момент, Трамп нема да има што да им каже на гласачите, бидејќи нема ништо исполнето и дека се што ветил е лага и дека е најодбивното човечко суштество.
„За жал, има начин како Трамп може да биде реизбран, а за тоа не мора да оди премногу назад во историјата за да најде пример. Тоа е кампањата на Џорџ Буш од 2004,“ пишува Волдман.
Во тоа време Буш е со низок рејтинг, „не беше низок како на Трамп денес, ама не беше ни добар“, а и покрај целото подобрување на економијата, во политиката главна тема е војната во Ирак, со која најголемиот дел од Американците не се согласуваат (или по основа лошо се води, или по основа немаме таму што да бараме).
Со вака расклатен Буш, демократите решаваат за свој кандидат да го понудат Џон Кери, како очигледна спротивност на Буш. Кери е „искусен, информиран, артикулиран, сериозен и пред се ветеран со гради полни медали.“ Уште еден аргумент што им држи на хартија е „сред војна, кој би гласал за ескиватори од војска како Буш и Чејни, кога наспроти себе имаат вистински воен херој?“
Прво нешто што го прави тимот на Буш е „бесрамно и неумоливо повикување на терористичките напади од 11-ти септември.“ Паралелно со ова тие објавија бран лични напади против Кери кои беа „искрено за воодушевување за нивната грубост и циничност“ тврдејќи дека Кери лажел за неговите рани од Виетнамската војна. Втора работа тие го искористуваат најактуелниот општествен проблем во тоа време, истополовите бракови, за да ги испаничат своите гласачи и да ги извадат на гласање.
"Нема избори што се идентични, ама одекот звучи препознатливо. Ако има нешто што Трамп го разбира, тоа се политики на поделби. Неговата најнова расправија со професионални спортисти е одличен пример: тој го издига прашањето кое треба да ја возбуди неговата база на белци полни со омраза, па дури и кога јавното мислење не е на негова страна, тој успева да ја преземе контролата врз прашањето и да го постигне тоа што го планираше, ако тоа е засилување на неговата улога кај симпатизерите како заштитен знак на политиката на бел идентитет. Тоа е инвестиција што тој подоцна ќе ја наплати.
Нема ли расправите со обожувани ликови како Леброн и Кари да му наштетат? Можеби. Ама треба да имаш предвид дека на Трамп не му треба да освои половина од гласачите во земјата. Тој беше избран за претседател со помалку гласови отколку неговиот противник, и тој би можел да биде првиот човек на кого ова два пати би му успеало. Изборниот колеџ има вградена предност за републиканците, ги привилегира малите рурални сојузни држави во однос на поголемите во кои доминираат демократите; ова му успеа еднаш, и може ќе му успее уште повторно.
Кампањите за реизбор на претседателот се референдум за неговата работа - барем во најголем дел од случаите. Во 2004, Џорџ Буш успеа да го направи својот противник центар на изборите, а потоа тој и неговата партија го распарчија. Уништувањето на нечиј лик е специјалност на републиканците, посебно на Трамп; можеш да се кладиш дека кој и да е кандидат на демократите, ќе биде мета на веројатно најпакосните напади што некогаш си ги видел," пишува Волдман.