И покрај тоа што УЕФА лани им изрече еден куп парични казни за неколку пароли со политички конотации, навивачите на Селтик не попуштаат во поддршката за Палестина и палестинскиот народ.
За време на дербито против Хиберниан на стадионот „Истер Роуд“ во Единбург, ’Келтите’ извадија парола на која пишуваше:
Минатата година поради тоа што извадија палестинско знаме за време на меч од УЕФА натпреварувањата против израелска екипа, Селтик беше казнет со 82.000 фунти. Во одговор на казната навивачите на клубот од Глазгов решија да собираат донации за да ја платат казната.
Акцијата на собирање средства зема голем замав па собрале 160.000 фунти и дел од парите ги дале за палестински бегалски камп во Витлеем, во знак на солидарност.
Тензијата меѓу Израел и Палестина се зголеми откако Доналд Трамп одлучи официјално да го признае Ерусалим како престолнина на Израел.
Многу земји го сметаат Источен Ерусалим којшто Израел го анексирал за време на војната во 1976-та година за окупирана територија а за статусот се решија да се договараат во иднине на Израелско-Палестинските преговори.
Голем дел од меѓународната заедница не се согласи со објавата на Доналд Трамп, а американските власти соопштија дека се решиле на таков потег откако склучиле пред-договор со Египет и Саудиска Арабија.
Инаку навивачите на Селтик годинава ја добија наградата за „Најдобар перформанс“ на годината