Медиумите се одраз на начинот на кој се мисли и се зборува. Но и обратно, истите влијаат врз развојот на речникот на одреден јазик, ставајќи во оптек или потиснувајќи одредени зборови и/или нивни значења. Њујорк Тајмс од 19 век наваму ги прави и двете, а сега има и Твитер профил на кој на дневна основа можат да се следат зборовите кои прв пат се употребени во весникот.
Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.
Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст.
Додека престојувал во Венеција пишувајќи ја книгата која ќе стане негов мемоар-бестселер, писателот се сретнал со афро-американски експерт за уметност - средба која засекогаш ќе го промени неговиот начин на пишување во врска со расните поделби.
Ја замисливме поставена на тромеѓе Македонија-Грција-Бугарија: светлосни снопови го параат небото, луѓе се спојуваат преку космички аудио канал, и по првите срдечни поздрави за да им се направи атер на организаторите, почнуваат кошкањата. А можеби и сосема обратно - се врти на песна и на виртуелно споделена пијачка, додека рефлекторите формираат срциња на небото.
Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.
За оние кои никогаш не гледале шоу од ваков тип, станува збор за класична симулација на „столб на срамот“ - позната личност седнува на сцена додека други познати (и помалку познати) ги коментираат сите нејзини недостатоци. Зошто овој формат е толку бизарно привлечен и зошто никогаш не би успеал кај нас?
Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.
Urban Dictionary во раната интернет ера делуваше како одличен проект - отворен речник на англискиот во кој секој може да придонесува. На неговиот 20-ти роденден ова веќе не изгледа како добра идеја.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Вчера, 1.8, се одбележаа два века од раѓањето на авторот на најзначајната, а најретко читана книга на англиски. Наречена е „Монт Еверест на книжевноста“, но не заради големиот број страници (такви обемни книги има многу), туку заради тоа што нејзиното исчитување станува поход до самиот себе - борба со сопствените демони, бури и китови.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
Поентата на текстот е поинаква, ама нам ни е крајно интересна врската помеѓу настап на политичар и број на пребарувања во речник. После настапите на нашиве единственото низ што ти иде да пребаруваш е шкафчето со апчиња за смирување.
Кога некој на социјалните мрежи ќе открие кој стои зад извесен прекар или профил, и објавува друг вид приватни информации, тогаш тој прави „доксинг“. И ова не е незаконски сè додека изворите на тие информации се јавно достапни, и сè додека доскирањето не се користи за уцена или за изнудување.
19 април 1989. Петмина црни тинејџери од Харлем го прават она што главно го прават секој ден - учат, јадат бургери, се шмекаат со симпатиите, се дружат. Никогаш претходно немале работа со полиција, ниту пак западнале во некакви неволји. Немаат никакво животно искуство вон рамките на нивниот мал и навидум нормален свет. А светот и голем, и суров кон малите и ранливите.
Беше помпезно најавувана, создавајќи атмосфера на претстоечки спортски натпревар, иако не е баш јасно кој спорт би бил најсоодветната метафора. За Жижек можеби некој што бара мавтање со раце (одбрана ватерполо?), за Питерсон нешто како шах или стреличарство. Ама пак се разбраа.
Леонид Бершидски, коментатор на Блумберг, проценува дека Брегзит и непопуларноста на Трамп се закана за иднината на „англосферата“ - културното, интелектуалното и политичкото влијание на Британија и САД. Па сепак, англискиот ќе си продолжи, иако по можеби сосема нов пат.
Глумеше, меѓу другото, во серијата „Вајр“, покрај Џулија Робертс во „Насмевката на Мона Лиза“, во „Војни на ѕвездите - Фантомска закана“ и во шведската сатирична драма, „Квадратот“. Најтазе ни е неговата улога на писателот Ноа Соловеј во „Аферата“, чии четири сезони ги изгледавме со доза на „виновно задоволство“, де сакајќи го, де крајно мразејќи го неговиот лик.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
„Град без Евреи“ премиерно се прикажал во Виена во 1924. Сега неговата оригинална верзија, која била загубена цели деведесет години, е реставрирана и спасена од заборав.
Младиве се за греота. Затворени по дома, водејќи виртуелни животи, тие не се соочени со реалниот свет, во кој треба да покажеш издржливост, храброст и одлучност. Мислејќи дека се посебни - каква што е наводно секоја снегулка - тие се ранливи, и лесно се топат. Не дека нема такви и возрасни.
Театарските претстави, како јавни настани, се податни за изразување политички ставови, или барем за привлекување внимание. Неодамнешните случувања околу мега-популарната претстава за создавањето на американската нација повлече дискусија за функцијата на театарот денес.