Доналд Трамп не престанува да се занимава со четирите новоизбрани демократски конгресменки кои припаѓаат на расните малцинства (за што веќе пишувавме тука). На митинг по повод неговата кампања за реизбор одржан на 17.07 во Северна Каролина, тој изјави дека ако тие не ја сакаат Америка „можат слободно да си одат“, и ја натера публиката да извикува „исспратете ја дома“ мислејќи на Илхан Омар, една од конгресменките, која дошла во САД како бегалец од Сомалија.
Веднаш по завршувањето на митингот, речникот на англискиот јазик, Меријам-Вебстер, објави твит во кој се наведуваат најпребаруваните зборови на нивниот сајт истата вечер: расизам, социјализам, фашизам, концентрациони логори, ксенофобија, шовинист.
📈Tonight’s top searches, in order: racism, socialism, fascism, concentration camp, xenophobia, bigot
— Merriam-Webster (@MerriamWebster) July 18, 2019
Пребарувањата за терминот „расизам“ на онлајн платофрмата на Меријам-Вебстер пораснале за 1.200% од вообичаеното, за „социјализам“ 350%, за „концентрационен логор“ 200%, 550% за „ксенофобија“ и 300% за „шовинист“.
„Фашизам“ пак веќе подолг период е помеѓу најпребаруваните зборови на сајтот, но деновиве интересот и за него пораснал за 50%.
Интересот пак за терминот„концентрационен логор“, пораснал особено по обвинувањата за нечовечки услови кои владеат во објектите за притвор на имигранти без документи на Трамп
И покрај реакциите на голем дел од јавноста на расистичките и шовинистичките изјави на Трамп, тој не само што не престанува со нив, туку продолжува да ја пали својата гласачка база пред изборите во 2020.