Женет е со британско-ирска аристократка со која има четири деца (плус едно од претходен брак) и живее помеѓу Лондон и Ирска. Неговиот најнов филм, „Колет“, излезе во октомври, а во него го игра сопругот на Кира Најтли. Еве што вели за себе во интервју за Гардијан.
Кога сте биле најсреќен?
Минатата година. Бев со жена ми и со сите мои деца со северна Калифорнија, возејќи комбе. Се сеќавам дека помислив дека животот не може да биде подобар од ова.
Што е вашиот најголем страв?
Дека нема да бидам способен да ги заштитам моите деца.
Кој е вашиот најран спомен?
Бев многу болен кога имав три години, во едно морничаво место. И сега можам да ги замислам ходниците на болницата Торнбери во Шефилд.
На која жива личност и се восхитувате?
На Стејси Дули. Таа прави неверојатни документарци. Во еден од нив однесе разгалени британски деца на Филипините за да работат во фабрика. Точно она што треба да го гледаат моите деца.
Кој ви е моментот од кој најмногу се срамите?
Пред околу 15 години имав фото снимање и се посрав. Беше грозно.
Што најмногу мразите во врска со вашиот изглед?
Моите кратки мали нозе.
Кој би ве играл во филм за вашиот живот?
Јас.
Која ви е најлошата навика?
Тоа што доцнам.
Кој ви е омилен збор?
Лафит.
Што сакавте да правите кога ќе пораснете?
Да возам тркачки коли.
Како се релаксирате?
Дувам трева.
Што е најлошото што некој ви кажал?
„Мора да сте изморени“. Тоа е она што луѓе ви го кажуваат кога ќе дојдат на ваша претстава и нема да им се допадне.
Дали е подобро да се дава или да се добива?
Повеќе би сакал да добивам.
Што ви е најголемото задоволство кое прави да се чувствувате виновен?
Диско.
На кого би сакале да му се извините и зошто?
На Марк Смит, момче кое го малтретиравме во школо. Секогаш се чувствував грозно во врска со тоа.
Кои зборови или изрази ги употребувате прекумерно?
Keep it real.
Што ви е најголемо разочарување?
Мојата пејачка кариера.
Колку често имате секс?
Никогаш доволно.
Што е вашето најголемо постигнување?
Тоа сите четири деца на време да ги однесам на школо сабајле.
Сте биле ли некогаш во конфликт со законот?
Како студент упаднав во Клуб Мед во Мексико, останав три дена и потоа бев уапсен. Бев во затвор неколку дена.
Која жива личност најмногу ја мразите?
Сите во администрацијата на Трамп.
Кажете ни тајна.
Јас сум геј.