Бескорисен како Абрамс во Украина

Моментално Русите се позадоволни од тоа што Американците им пратија Абрамси на Украинците, отколку што Украинците се задоволни со тенковите и моделот што го добија. На пример, затоа што Абрамсот не работи на дожд.

Ако прво Русите разбирливо веќе им дадоа прекар „лименки“, сега и Украинците почнаа да се отвораат за тенковите кои требаа да го сменат текот на војната.

Како што пишува британски Телеграф, додека старите советски тенкови со кои располагаа Украинците нон-стоп се расипуваа и заглавуваа во кал, Абрамсите се покажаа само малку подобри во пракса.

„Нивниот оклоп не е доволен во моментов.

Воопшто не го заштитува екипажот. Денес се води војна на дронови, па сега секој пат кога ќе излезе тенк, тие секогаш се обидуваат да ги удрат,“ изјавил член на украински екипаж кој работи со Абрамс тенковите.

Проблем е што перформансите на Абрамсот главно зависат од „тајниот“ оклоп од ураниум, меѓутоа во Украина беа испорачани модели без овој оклоп заради страв дека тајната технологија би можела да падне во рацете на Русите, а наместо него беше ставена заштита од керамика и челик.

Украинците се жалат и на тоа дека фундаментален проблем е што Абрамсот е тенк кој е направен да работи паралелно со воздушна поддршка и артилерија. Русија упорно и обемно користи дронови за напад на тенковите, од кои Абрамсите не можат да се одбранат.

Освен оклопот, екипажите имаат проблем и со моторот на Абрамсите, а во случај на дожд или магла, тенковите не работат заради проблеми со електриката предизвикани од внатрешна кондензација.

3 јуни 2024 - 13:15