Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Мурињо се врати во Мадрид

„Специјалниот“ повторно во Шпанија. Се моташе околу стадионот, ги мамеше навивачите, а на крајот се појави и на трибините на мечот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Дел од луѓето беа ептен збунети и поверуваа дека е тој. 

Дриблинг на колото

Брзината и опасноста често пати доаѓаат од младите таленти кои знаат да бидам незгодни во играта еден на еден. Пример за тоа е 19 годишниот Депаи Мемфис од ПСВ кој многу умешно го измами својот чувар на мечот против Рода.

Реакцијата кога ќе тие се паднат Реал или Барса

Куп натпреварувањето е шанса за нисколигашите која би ја имале еднаш во животот да се сретнат со фудбалските гиганти. Две третолигашки екипи реагираа како да им се паднала седмица на лото кога за противници ги добија Реал Мадрид и Барселона.

Залута во шума, но стигна на време за натпреварот

Капитенот на англиската репрезентација за играчи до 21 година, Андре Виздом имаше непријатно искусто на пат за накај стадионот, но важно се извлече жив и здрав.

Миркуловски: Нема да му додавам повеќе на Стоилов

Откако пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, во ТВ емисија рече дека не може да го поднесе, бекот на Металург, Филип Миркуловски преку Офф.нет му порача на својот колега од репрезентацијата дека во иднина помалку ќе му додава кога ќе играат за Македонија.

Изберете го голот на годината

ФИФА ги објави десетте номинирани голови за наградата „Пушкаш" во изборот за најдобар погодок за 2013-та година. Помеѓу номинираните ремек-дела има и голчишата на две претставнички од понежниот пол.

Малиот навивач дебитираше за првиот тим на Осасуна

Се исполни сонот на малото детенце кое со години беше снимано како страсно навива на трибините на стадионот на Осасуна. Хозе Гарсија на 16 години дебитираше за првиот тим на својот омилен клуб.

Офсајд лик на денот: Чад Смит

Денешниот наш офсајд лик не е спортист, туку тоа е тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс кој испровоцира навивачи и се покаја. Чад Смит го навлече гневот на навивачите на бразилскиот клуб Фламенго, па по смртните закани мораше да ги моли за прошка и да им се извинува на 1001 начин.

Дерби на срамот во Италија кое заврши по 20 минути

Оваа случка во третата италијанска лига некој би рекол дека може да се случи само во "дива лига". Гостинските фудбалери со симулирање на повреди намерно си го преполовија тимот и го принудија судијата предвреме да свирне крај.

Трета победа за Атланта Хокс

Атланта Хокс и Перо Антиќ ја забележаа третата победа по шест одиграни натпревари. „Јастребите" во Филипс арената беа подобри од Орландо Меџик.

Главоболка од статива

Мислевте дека вие имате лош ден на работа? А што да каже Хеико Вестерман од Хамбург? Неговиот тим загуби со 5:3 на гостувањето кај Баер Леверкузен, а поразот за него беше многу поболен од останатите негови соиграчи.

МЗТ го прекина постот и во АБА лигата

По три порази во низа, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја прекина црната серија и во Јадранската лига совладувајќи ја екипата на Крка со 80:75.

Тикет на колото

Уште еден викенд за уживање преполн со квалитетни фудбалски натрпевари, а издвоивме пет од нив за нашиот тикет на колото.

Голови на неделата

Изминатата недела во националните првенства, Лигата на шампиони и во Лига Европа беа постигнати безброј прекрасни голови. Ова се најдобрите десет голчишта за последните седум денови.

Осврт на четвртото коло на Бизнис Лигата на Македонија

Финишираше и четвртото коло на Бизнис Лигата на Македонија во кое бевме сведоци на многу возбудливи натпревари.

Параолимпиец бил допингуван од поранешната девојка

Гундуз Исмаилов од Азербејџан по раскинувањето со девојката добил и шамар од неа. На Параолимпијадата во Атина му ставила недозволени средства во пијалокот за што доби доживотна забрана за натпреварување.

Врзување туѓи врвки е задржување на време

На натпревар во Саудиска Арабија се случи еден несвојствен потег за фудбалот. Напаѓачот се покажа како доста љубезен па зема да му ги врзува врвците на противничкиот голман, судијата тоа го протолкува како задржување време, но целиот чин на крај заврши со фер плеј.

Денот кога зовре ривалството меѓу Јунајтед и Арсенал

Викендов старите ривали повторно ќе излезат на мегдан на Олд Трафорд, местото каде пред 10 години кулминираше омразата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Оси прекинаа меч во Перу

Ниту навивачки нереди, ниту силно невреме, туку рој на оси прекинаат фудбалски натпревар во Перу. Публиката почна да бега, а лекарска помош мораше да добие судијата пред мечот да продолжи.

Интелигентниот Озил бил вешт шахист

Ова не значи дека фудбалот му била втора љубов, туку напротив тој си легнувал со топката во кревет, а во школските денови играл одлично шах. Го бивало и за математика, а денеска знае одлично да ги дума потезите на терен и е еден од најдобрите плејмејкери.

Третолигаш со 60.000 навивачи

И додека македонскиот шампион го следат во просек по 175 гледачи, во земјите каде вистински се цени фудбалот, навивачите не го напуштаат својот клуб дури ни кога ќе падне на дното. 60.000 навивачи го бодреа бразилскиот третолигаш Санта Круз, клубот кој и во четвртата лига имаше во просек по 39.000 гледачи.

Блатер: А да организираме Мундијал со 128 селекции?

Првите луѓе на ФИФА и УЕФА не можат да најдат заедниничи јазик, особено не за некои големи промени во фудбалот.

Фудбалер претепан заради промашен пенал

Челниците на клубовите во Перу имаат чуден начин за мотивирање и казнување на фудбалерите. Еден играч бил претепан по наредба на претседателот на клуб откако промашил одлучувачки пенал.