Првиот офсајд лик на денот е полскиот голман Лукаш Сапела кој брани во Азербејџан за последнопласираниот Реван. Тие му гостуваа на второпласираната екипа Кабала и успеаа да извадат бод, а еден од најзаслужните беше токму голманот Сапела.
На 16 минути до крајот тој успеа да одбрани пенал, но наместо да биде херој до крај, Сапела реши да ја прослави одбраната со непристоен гест и веднаш заработи црвен картон.
Второто признание му го доделуваме на незнаен јунак од француски нисколигаш. Натпреварот од регионалниот куп помеѓу ЛЦА и Гресиводан завршил нерешено, па победникот морал да биде одлучен по изведувањето на пенали.
И овој голман успеа да го одбрани ударот од белата точкна, но предвремено почна да слави и од херој стана трагичар.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.