Оваа сезона е една од најтешките за навивачите на Милан барем што се однесува до поновата историја на клубот кој нема подигнато пехар на меѓународна сцена веќе седум години. Таков проблем нема египетскиот тим Ал Ахли кој неодамна го освои Африканскиот Супер куп.
Со тој трофеј тие стигнаа до бројката до 19 интернационални трофеи, успех кој е уште поголем ако се знае фактот дека оваа екипа ги мина Милан и Бока Јуниорс кои го држеа приматот и беа неприкосновени на меѓународната сцена. Италијанците на европската, а Аргентинците на јужноамериканската.
Милан до сега успеа да стигна до 7 титули во Лигата на шампионите, 2 во Купот на куповите на победниците, 5 во Европскиот Супер Куп, 3 во Интерконтиненталниот куп и 1 во Клупското светско првенство.
Тимот на Ал Ахли има 8 титули во Африканската Лига на шампиони, 6 во Африканскиот Супер Куп, 4 во Африканскиот куп на куповите и 1 Африканско - азискиот интерконтинентален куп.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани изјави дека нема да им честита на челните луѓе на тимот од Египет се додека ФИФА не се изјасни околу валидноста на трофејот од Африканско – азискиот куп кој датира од 1988 година.
Но за претседателот на Африканската фудбалска федерациј во тој случај нема ништо спорно и од таму веќе пристигнаа првите честитки за ова историско достигнување на тимот од Египет.
Ал Ахли клој е оформен во 1907 година и се смета за најголемиот клуб во Африка кој во 2000 година беше прогласен за тим на векот на овој континент. Повеќето од играчите од оваа екипа беа во националниот тим на Египет кој учествуваше на двете светски првенства во 1934 и 1990 година.
Речиси половина од репрезентативците кои со селекцијата на Египет го освоија Африканскиот Куп на нации во 2006, 2008 и 2010 година настапуваа за Ал Ахли.
На Росоњерите сега им преостанува да го избришат натписот на нивниот автобус дека се најтрофејниот клуб во светот. Тие остануваат тим со најмногу освоени титули на меѓународна сцена, но само на европско тло.