Таг: ал ахли

Алиоски слави победа на стартот на сезоната, блескаво деби на Фирмино со хет-трик

Екипата на Ал Ахли ја отвори успешно новата сезона во првенството во Саудиска Арабија и во полн состав го совлада Ал Хазем со 3:1.

Фото на денот

Едуард Менди (Сенегал), Риад Будебуз (Алжир), Џани Алиоски (Македонија), Роберто Фирмино (Бразил) и Ријад Марез (Алжир). Вака некако од сега ќе изгледаат тренинзите на Ал Ахли, респектабилен тим во кој нашиот репрезентативец е во убаво друштво.

Џани направи шоу во Саудиска Арабија, а навивачите урлаа по него

Лидс Јунајтед летовото остана без шоуменот во тим, кој забавата ја продолжи во Ал Ахли. Го добија Ал-Етифак со 4:0, а Џани доби нови фанови. Твитерот му гори.

Прв гол за Џани Алиоски во Саудиска Арабија

Деби настап и веднаш деби погодок за македонскиот репрезентативец кој летово одлучи кариерата од Лидс Јунајтед да ја продолжи во блискиот исток. Неговиот Ал Ахли ремизираше против Ал Хазем со 2:2, а Алиоски изведе пенал за чиста десетка.

Пенал на вечерта

Во меч за 3. место на Светското клупско првенство, бразилски Палмеирас изгуби од Ал Ахли на пенали и стана првиот претставник од Јужна Америка кој изгубил 2 меча на овој турнир од 2000-та. Египќаните промашија 2 пенали, а Бразилците 3 од кои оној на шпицот Рони е за заборав.

Како со еден потег да смириш тензија

Најдобро знае Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион, Галатасарај, Свонси, Марсеј и Сент Етјен. Сега игра во Саудиска Арабија, за лидерот на табелата Ал Хилал. На 34 меча има 24 гола и 6 асистенции.

Не може баш секој да биде голман

Оход е последнопласиран клуб во Саудиска Арабија и веќе е испаднат. Играат против Ал Хилал кој се бори за титула и му кинат два бода. Гостинскиот голман имитира црв и ги иритира домашните навивачи кои го гаѓаат со шишиња.

Кои се 30 најтрофејни клубови на светот?

Глазгов е градот во кој се прославиле неверојатни 219 пехари освоени од Ренџерс или Селтик. Тука се уште и Порто, Фенербахче, Олимпија од Парагвај, ЦСКА Софија....

Сакаш 10 метри да го продолжиме голот за тебе?

Голманот исплива, едниот играч падна, а другиот застана на гол за да го спасува без раце. И во таква ситуација црепот промаши. Се работи за фудбалер на Ал Ахли на меч во азиската Лига на шампиони.

Чек да видиш што е африканска Лига на шампиони

Египетскиот Ал Ахли морал да го прекине претпоследниот тренинг пред реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на стадионот дошле илјадници навивачи. Првиот меч против Видад од Мароко завршил 1-1, а реваншот е во сабота во Казабланка.

Црна овца во друштвото, а сепак цар

Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.

За ова свирна пенал?

На дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Хилал во Саудиска Арабија, бекот Салмин Камис нормално ја градеше топката додека таа не излезе во гол-аут. Следуваше судиска одлука која го запрепасти цел стадион, а на крајот правдата дојде на свое место.

Ал Ахли е најтрофејниот клуб во светот

Првата позиција на најмногу освоени интернационални титули долго време ја одржуваа екипите на Милан и Бока Јуниорс, но со последниот трофеј на Египќаните тие избиваат на првата позиција пред големиот европски и јужноамерикански гигант.