Алиоски слави победа на стартот на сезоната, блескаво деби на Фирмино со хет-трик

Екипата на Ал Ахли ја отвори успешно новата сезона во првенството во Саудиска Арабија и во полн состав го совлада Ал Хазем со 3:1.

Алиоски и неговите соиграчи ја оправдаа фаворитската улога на првиот меч сезоната против Ал Хазем и го совладаа со 3:1.

На мечот настапија сите нови ѕвезди во тимот, а фигура број 1 на средбата беше Роберто Фирмино кој постигна хет-трик.

Покрај Алиоски и Фирмино, во првиот состав беа и Марез, Кеси, Менди, Роџер Ибањез и Алан Сен Максиман.

Ал Ахли го прими единствениот гол на средбата по грешка на Едуард Менди.

 

12 август 2023 - 23:32