Македонскиот репрезентативец е дел од голема хуманитарната акција на Фенербахче за семејствата погодени од силниот земјотрес кој одзеде преку 12.000 животи.
Не е за само наш Џани мајтапчија во Фенербахче. И Ирфан Кавечи го бива. Објави слика со македонскиот репрезентативец и се зезаше во стилот на Икер Касиљас и Карлос Пујол, за кои се направи драма дека се во врска.
Деби настап и веднаш деби погодок за македонскиот репрезентативец кој летово одлучи кариерата од Лидс Јунајтед да ја продолжи во блискиот исток. Неговиот Ал Ахли ремизираше против Ал Хазем со 2:2, а Алиоски изведе пенал за чиста десетка.
По долгата неизвесност околу иднината на македонскиот репрезентативец и поврзувањето со Галатасарај, Рома и уште неколку клубови од Европа, Џани Алиоски на крај се реши за Ал Ахли, каде се пишува дека ќе заработи 5 милиони евра за две сезони.
Од јули 2017-та година кога дојде во големиот англиски клуб, Алиоски стана еден од поомилените фудбалери меѓу навивачите на Лидс Јунајтед. Одигра важна улога во враќањето на тимот во Премиер лига под водство на големиот Биелса. Одигра 161 меч и постигна 21 гол. Летово заминува од „Елан Роуд“.
Не спласнува темата “Македонија на Европско првенство“, а задоволството е големо кога ќе се прочита вакво нешто во странскиот печат. Овие момци не успеаа да победат на ниту еден натпревар, ама ги освоија срцата на многумина.
По завршувањето на европската авантура, македонскиот репрезентативец дел од одморот реши да го помине во прилепскиот крај, каде начека и турнир во мал фудбал.