Алиоски и Ал Ахли прваци во азиската Лига на шампиони

Ал Ахли испиша историја и за прв пат успеа да го освои најелитното клупсо натпреварување на азискиот континент. Џани Алиоски стана трет Македонец со овој трофеј.

Претставникот од Саудиска Арабија го совлада Кавасаки со 2:0 во финалето од азиската Лига на шампиони и стигна до огромен успех.

Клубот од Џеда го играше ова финале трет пат и на крај им се насмевна среќата од трета. Претходно ги загуби финалињата во 1986 и 2012 година.

Стрелци за триумфот вреден трофеј беа Галено со прекрасен гол и Кеси, а во двата наврати асистираше Роберто Фирмино.

Алиоски го одигра целиот натпревар и по Саша Огненовски и Стевица Ристиќ, стана третиот македонски фудбалер кој дошол до овој престижен трофеј во Азија.

Македонскиот репрезентативец играше стандардно во Лигата на шампионите, за разлика од домашното првенство каде е редуциран бројот на странци.

 

 

 

 

4 мај 2025 - 08:28