Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до третиот гостински триумф оваа сезона во Јадранската лига, а по големите победи против Раднички и Партизан, тимот на Мартич успеа да го шокира и босанскиот првак со пресврт кој го направи во последниот период од мечот.
МЗТ беше постојано во негатива во првите три четвртини од натпреварот која сепак на крајот се покажаа како достижна. Во воведните 10 минути домаќините имаа предност од +4, а на паузата заминаа со водство од 38:30.
Големата борба нашиот претставник во регионалната лига ја најави во третата четвртина во која и покрај двоцифрената предност на Игокеа од +12, успеа да фати резултатски приклучок и во последните период влезе со негатива од -4.
Тимот од Аеродром влезе доста мотивирано во последната четвртина и за многу кусо време успеа да ги потопи Босанскиот првак кој на крајот загуби убедливо со 14 поени разлика.
Најдобри поединци кај МЗТ беа Александар Цветковиќ со 11 поени, а Стефан Синовец и Иван Маринковиќ постигнаа по 10 коша.
Во следното коло кошаркарите на МЗТ Скопје повторно имаат тешко гостинско соочување овој пат во Загреб против тимот на Цибона на 9 март.