Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед не е единствен клуб со вакво име во Европа. Еден ваков клуб со истото име игра во фудбалската лига на Гибралтар.
Овој клуб е оформен во 1962-та година од група на луѓе кои навивале за Манчестер Јунајтед, а за да го користат ова име добиле дозвола лично од славниот менаџер Мет Базби.
Манчестер Јунајтед од Гибралтар или Манчестер 62 како што некогаш го именуваат за да се знае за кој клуб станува збор, како и сите останати клубови од земјата настапува на единствениот стадион во областа - Викторија стадионот со капацитет од 5.000 гледачи.
Земјата која има помалку жители од пола Олд Трафорд, во 2013-та година стана член на УЕФА, па Гибралтар од следната сезона ќе има по еден претставник во квалификациите на Лигата на шампиони и Лига Европа. Тоа значи дека англискиот Манчестер Јунајтед и Манчестер Јунајтед од Гибралтар ова лето би можеле да се сретнат во некое европско натпреварување.