Како стигна упорниот махер до 20.000 евра

Минатото коло го добивме најголемиот махер за обложување кој со 280 денари успеа да ќари 1.200.000 денари на два тикета. Во кусо интервју ни раскажа како со шокантен пресврт на последниот меч стигнал до големата добивка.

Во нашата рубрика „Махер и малер на колото" минатото коло го имавме најмахерскиот тикет од 20.000 илјади евра кој беше главна вест во медиумите. Среќниот добитник е 24 годишниот Никола од Скопје, дипломиран правник.

За да стигне до толкава добивка како на лото, воопшто не се лакомел и не се обложувал со многу пари. На еден тикет ставал по 100, 200 до најмногу 300 денари, а и покрај многуте видови игри во билтенот имал една и единствена тактика, а тоа е играта „Супер 15" која ја практикува секое коло откако постои како понуда во билтените.

„Да се фатат 15 натпревари воошто не е лесно, затоа што во денешно време во фудбалот многу се мести. Најголем фан сум на италијанското првенство, но најчесто ги играм мечевите од националните првенства од источните земји. Играта Супер 15 ja играм поучен од старата и популарна игра „Спортска прогноза" или „1 X 2" која гледав како на времето ја играат повозрасните“, вели Никола.

„Супер 15" до сега многу пати го сместувала помеѓу најголемите малери на колото кога не успевал да стигне до голема добивка поради само еден промашен натпревар, а пред неколку години еднаш му донела и добивка од 470.000 денари.

Овој пат решил да состави тикет со максимална добивка од 600.000 денари кој го уплатил два пати. Неколку натпревари успеал да фати во последните секунди, а еден од нив бил последниот пар од белгиското првенство помеѓу Зулте и Левен кој го чекал „кец".

Мечот не успеал да го најде на интернет и да го следи во живо, но затоа постојано го прател резултатот кој не се движел во негова полза. Гостите на два пати биле во водство, но тимот на Зулте успеал да израмни.
Големата возбуда пристигнала во 86 минута откако домаќините постигнале гол за 3:2, резултат кој му доси лото добивка на Никола.

„Во тој момент го фрлив лап топот на креветот, не сакав повеќе да го следам резултатот и гледав во една точка. Бев сам и не сакав никој да има околу мене. По неколку минути слушнав звук од компјутерот кој означува погодок, но тоа беше уште поголема возбуда затоа што не знаев кој постигна погодок. Повторно го земав лат топот во раце и видов дека е 4:2", раскажува махерот Никола.

 

Понудата „Супер 15" на Никола му е викенд хоби од кое не отстапува, но ние остануваме на старата наша понуда и овој пат со која ќе се обидеме да ви помогнеме да стигнете до добивка.

Тикет на колото

Баерн Минхен – Волсбург 1-1 3+
Актуелниот шампион на Германија е апсолутен фаворит на дуелот против Волсбург кој игра многу лошо на гости со три порази на исто толку мечеви.

Свонси – Арсенал Т2 2+
„Топџиите" имаат фантастичен старт во Премиер лигата и се наоѓаат на врвот на табелата. На досегашните две гостувања имаат две победи и 6 постогнати гола.

Каљари – Интер Т2 2+
Составот на Мацари веднаш почна да функционира одлично во нападот со спојот на новите засилувања со млади фудбалери и искусните. На досегашните две гостувања издвоија победи од 0:3 и 0:7.

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид ГГ3+
Дербито во Мадрид очекуваме да заврши со повеќе голови. Тимот на Симеоне до сега победи на сите три гостувања, а Реал многу често знае да прими гол на домашен терен.

Алмерија – Барселона 2-2 3+
Без разлика што имаат нов тренер Каталонците се неприкосновени во шпанското првенство со максимален број на бодови. Голгетерски очекуваме дека ќе настапат и на ова гостување.

28 септември 2013 - 12:59