Се работи за 16 годишната Кахида Секафи, родена во Италија, но по потекло од Мароко. Таа е првата жена судија на која и беше дозволено да биде целосно покриена и за време на младински фудбалски натпревар во Италија.
Секафи минатата година завршила курс за фудбалски судии, а во придружба на нејзините родители и претседателот на судиската организација од Кремона го отсвири првиот фудбалски натпревар во нејзината кариера.
Мечот привлече големо внимание во јавноста и заврши целосно коректно без ниту еден покажан жолт или црвен картон.