Отакако во 2012-та година Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) им дозволи на муслиманките кои носат марами со нив и да играат на натпревари, ФИФА и официјални ја одобри оваа одлука.
Со оваа одлука муслиманките кои живеат во земји каде жените мора да носат марами во секојдневниот живот, отсега ќе можат да ги носат и на натпревари, а на мажите ќе им биде дозволено да носат турбани.
По барање на заедницата на Сиките од Канада, мажите ќе можат да носат турбани, но не исти како во секодневниот живот. Прекривките на главата ќе мора да бидат во склад со дресовите и да не претставуваат опасност за оние кои ги носат, како и за останатите играчи. За време на натпреварите ниту еден дел од марамите или турбаните не смее да виси.
Забраната за носење марами на фудбалски натпревар беше донесена во 2007-та година, а во 2011-та година женската фудбалска репрезентација на Иран беше дисквалификувана од квалификациите на Олимписките игри во Лондон откако фудбалерките не сакаа да прифатат да играат без марами.