Уште при самото пристигнување на островот, Масимо Челино ги налути навивачите откако одлучи да го отпушти тренерот Брајан Мекдермот. Револтот тие веднаш се обидоа да му го искажат в лице и го блокираат влезот од каде излегуваше Италијанецот од стадион.
Викендов фановите на Лидс му одговорија провокативно на мечот против КПР и се облекоа во јакни и панталони со жолта боја, потоа црни кошули во комбинација со бели кравати, а тој стајлинг претставува типичен стереотип за италијански мафијаш.
Со тоа се обидоа да потсетат дека Масимо Челино кој е инаку газда и на италијанскиот прволигаш Каљари, во 2001 година беше обвинет за лажираше финансиски сметки во клубот од Сардинија.
Токму тоа беше причината поради која Фудбалската асоцијација на Англија не му дозволи во 2010 година да го купи тимот на Вест Хем. Во неговиот втор обид да стане газда на англиски клуб, за ФА ова криминално досие не претставуваше пречка.
Контроверзниот рокер неколку пати досега имаше проблеми со законите во Италија, а најтазе е случајот со стадионот на Каљари, кога беше обвинет дека заедно со градоначалникот направиле проневера со парите со кои требаше да го реновираат.