Ексцентричниот Масимо Челино, сопственик на Бреша кој до пред неколку години беше газда на англискиот Лидс Јунајтед, отворено ја нападна европската фудбалска унија.
Војната меѓу навивачите на Лидс и тврдоглавиот италијански газда не престанува. Уште кога го купи клубот пред две години и веднаш го отпушти тренерот, тие протестираа облечени како мафијаши, а најновиот притисок му го направи 15 годишен навивач кој му испрати писмо.
Човекот кој изјави дека тренерите се како лубеници, никогаш не знаеш колку е добра додека не пробаш друга, има мрежа на луѓе кои ги плаќа за да го фалат на Фејсбук, тврди навивач на Лидс.
Тренерската професија е најнесигурна работа. Често зависи од тоа дали импулсивниот претседател на клубот станал на лева нога. Ова е приказната за Масимо Челино, суеверниот газда на Лидс Јунајтед кој има по нешто од Џиџи Бекали, Здравко Мамиќ и Ѕампарини.
Оскаровецот ги праша своите следбеници на Твитер дали би била добра идеја да го купи членот на Чемпионшип дивизијата, за кого навива од младоста. Клубот неколку сезони се соочува со проблеми во управувачкиот сектор, а навивачите со широки раце би го пречекале Кроу.
На контроверзниот рокер со криминално досие во Италија, многу лошо му тргна на островот. Откако едвај успеа да го купи познатиот англиски второлигаш и поранешен премиерлигаш, некој се обидува да го следи и кога оди на мочање.
Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.
Масимо Челино не е многу познато име во музиката, неговата примарна дејност е фудбалскиот клуб Каљари. Гитарата му е само голема пасија во животот која му овозможи да членува во група. Има доста солидно криминално досие, а деновиве стана нов газда и на Лидс.
Првиот човек на италијанскиот прволигаш Масимо Челино, градоначалникот на Кварту, Мауро Контини и уште еден советник од општината, утрово се уапсени од страна на италијанската полиција поради проневера со пари.