Скот Гутериџ тврди дека добива 500 фунти месечно за неговата работа во Фејсбук групата „In Massimo We Trust“ каде има задача да ги убеди разочараните навивачи од италијанскиот газда на Лидс дека тој не е толку лош како што го зборат.
„Анонимен член на Лидс Јунајтед, ме избра мене поради моето искуство како програмер и веб дизајнер да помогнам во создавањето и водењето на групата „Cellino In“, сега позната како „In Massimo We Trust“. Ми кажаа дека ќе добивам околу 500 фунти месечно во зависност од активноста и придонесот. Клубот почувствува дека позитивното влијание од мала група на навивачи на долг пат и спонзорирање на оваа група може да вреди“.
Навивачот потоа бил исфрлен од групата поради протекување на информации.
„Почнав да сфаќам што уствари се случува зад сцената. Тоа беше ништо друго, туку само пропаганда со малверзации покриени од страна на клубот со помош на контра аргументи објавувани на Фејсбук. Лидс е расипан клуб“, вели Скот.
Портпаролот на Лидс демантираше.
„Не е вистина ништо од ова. За жал поради хистерија околу Лидс, група на навивачи не веруваат во тоа што ќе го каже клубот“.
Масимо Челино кој беше газда на Каљари, неколку пати во својата земја е обвинуван за разни финансиски малверзации како што е фалсификување на документи за избегнување на данок и поткуп во Националната агенција за цивилно воздухопловство кога го градеше новиот стадион на Каљари кај аеродромот на градот.
Тој стана сопственик на Лидс пред две години, а поранешен играч на Лидс изјави.
„Со доаѓањето на Челино, клубот се претвори во мртовечница. Кога се вративме од одмор, кујната и сите капацитети беа затворени, а вработените отпуштени. Сите тренери беа исцрпени и депресивни. Лидс престана да биде место во кое е пријатно да се престојува", изјави Рос Макормак.