Англиската фудбалска лига го кочеше процесот на продажбата на Лидс, поради скриените даноци на италијанскиот бизнисмен Масимо Челино, но откако изминатава недела тој конечно успеа да ја официјализира зделката од 75% сопственост, се соочува со нови внатрешни проблеми.
Обезбедување на клубот пронајде скриени камери на стадионот „Еланд Роуд“ кои се наоѓаат во просторијата каде управниот одбор на Лидс држи седници, како и уреди за снимање кои ги пронашле во тоалетите.
Челино веднаш повикал полиција која веќе два дена се обидува да открие кој и како ги монтирал камерите, но и кои се причините за обид да се шпиунира новиот газда на Лидс.
57 годишниот Челино кој инаку е газда и на италијанскиот клуб Каљари неколку пати во својата земја е обвинуван за разни финансиски малверзации, а последниот скандал околу кој се крена голема прашина беше проневерата со парите со кои требаше да го реновира стадионот на Сардинија.
Тој само што пристигна во Англија не им стана симпатичен лик на навивачите на Лидс кои го испровоцираа со стајлинг кој претставува типичен стереотип за италијански мафијаш.