Претседателот на Каљари заврши зад решетки

Првиот човек на италијанскиот прволигаш Масимо Челино, градоначалникот на Кварту, Мауро Контини и уште еден советник од општината, утрово се уапсени од страна на италијанската полиција поради проневера со пари.

Екипата на Каљари сезонава се пресели на стадионот Ис Аренас кој е во сопственост на локалните власти. Претседателот на Каљари Масимо Челино заедно со градоначалникот Мауро Контини, направиле измама со парите со кои требале да го реновираат стадионот каде настапува италијанскиот тим.

Ова всушност е втор бран на апсења, откако минатиот 29 ноември беа приведени двајца функционери од општината Кварту поради слична финансиска измама.

Инаку стадионот „Ис Аренас" сезонава постојано е под надзор на Италијанската фудбалска федерација поради неисполнувањето на безбедносните услови. Поради тие причини Каљари беше приморан натпреварот против Јувентус да го игра на неутрален терен во Парма.

Во четвртото коло од Серија А надлежните органи од островот поради поради безбедносни причини одлучија мечот Каљари-Рома да се игра пред празни трибини. Но ваквата одлука контроверзниот Челино не ја испочитува и ги повика навивачите на домашната екипа да присустуваат на стадионот.

Неизвесно до последен момент беше и одигрувањето на средбата Каљари – Милан изминатиов викенд која требаше да се одигра во Торино, но откако судот ги прифати изнесените факти на домаќините, на крајот го нагостија составот на Алегри.

14 февруари 2013 - 11:18