Лидс се наоѓа на 11. позиција во Чемпионшип, навивачите веќе долго време бараат да си оди, но Масимо Челино не ги ферма понудите на заинтересираните купувачи и постојано им ветува дека има планови како да го врати клубот во Премиер лига.
Млад навивач на Лидс кој го следи својот омилен клуб уште од трета лига, извади тетратка по линии и му се обрати преку писмо со одлични поенти.
Драг Господин Челино
Никогаш не очекував дека ќе го напишам ова писмо кога го презедовте клубот на 5 април 2014-та. Бев многу возбуден за вашето доаѓање и импресиониран од тоа што вашиот Каљари успеа да го направи во Серија А. За прв пат по многу години мислев дека Лидс конечно оди во некој правец. Знам дека имам 15 години и дека вие може да кажете дека дека јас немам право да зборувам за вашето водење на клубот. Ако тоа го мислите, грешите. Навивач сум на овој клуб откако татко ми ви ја всади оваа страст и почнав да одам на стадион почнувајќи од последниот меч во трета лига во сезоната 2009/2010.
Лидс беше комплетно различен од овој што го гледам сега. Таа година строфите на „Маршираме заедно“ се пееја гласно од моја страна и од страна на навивачите кои го поддржуваа Лидс сите заедно и покрај тоа што не го сакаа газдата на клубот. Составот беше конкурентен за трета лига и за нивото на кое се играше и тоа доволно за да успее да го победи дури и Манчестер Јунајтед во Куп.
Се сеќавам како се фалев во школо со фактот дека навивам за клуб од помалите лиги. Бев горд. Но ако ја гледаме денешницата Господине Челино, таа гордост и тој ентузијазам ги нема. Се претворија во срам и резил. Вината е ваша. Верував во вашите ветувања дека ќе го однесете Лидс во Премиер лига и дека ќе ја вратите публиката на стадион, работи кои ние навивачите сè уште чекаме да ги видиме.
Но постојаната смена на тренери и неодамнешното разрешување на Дарко Миланиќ ми дадоа на знаење колкава економска и ментална штета донесе вашето раководење со клубот кој беше дом на Дон Реви, Били Бремнер и Хауард Вилкинсон. Вие уништувате сè. Ако навистина ви е до Лидс, ве молам контактирајте со еден од купувачите кои сакаат да го преземат клубот. Масимо навистина е време да си одите.
Излегоа муабети и дека плаќал луѓе за да го фалат на Фејсбук.