Своите екипи до победа ги водеа следниве поединци: Никола Костовски кај екипата на Eurolink со постигнати 4 погодоци, Љуљзим Каштањева кај екипата на UNIQA со постигнати 3 погодоци, Иван Стојановски кај екипата на Глобко Логистик со постигнати 3 погодоци, Живко Трпески кај екипата на EVN со постигнати 3 погодоци, додека најдобар 5-ти играч на десеттото коло е Дејан Зиков кај екипата на Лукоил со постигнати 2 погодоци.
За голман на ова коло е прогласен голманот на екипата на Лукоил – Марјан Цветковски, а тренер кој најмногу придонесе за успехот на својата екипа во десеттото коло е тренерот на Montenegro – Тони Јанакиевски, бидејќи неговата екипа не прими ниту еден гол во текот на десеттото коло.