Платини против глупавото фудбалско правило

И првиот човек на УЕФА, Мишел Платини смета дека тројната казна при прекршок во шеснаесетникот е глупаво фудбалско правило, но тоа никако да се промени.

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини побара од Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) кој е задолжен за промена на правилата во најпопуларниот спорт, да ја укине тројната казна.
Според фудбалските правила, ако еден фудбалер спречи противник во шеснаесетникот со прекршок, тој добива црвен картон, противничката екипа добива пенал, а играчот ќе заработи и дополнителна суспензија заради исклучувањето.

Тоа значи дека играчот и неговиот тим добиваат тројна казна, па многу тренери, фудбалски работници и навивачи сметаат дека црвениот картон е непотребен. Но ова правило никако да се укине. Предлогот за неговото укинување беше одбиен и на последниот состанок на ИФАБ кој се одржа викендов.

„Веќе 15 години се обидуваме да го смениме правилото. Сите технички комитети на УЕФА и ФИФА се против него, но ИФАБ не дозволува промена", изјави Платини.

Првиот човек на УЕФА се осврна на последниот ваков случај од натпреварот во Лигата на шампиони помеѓу Арсенал и Баерн Минхен кога голманот Шчесни заработи црвен картон за соборување на Робен.

 

„Арсен Венгер изјави дека судијата го уништил натпреварот, но делителот на правдата немаше избор - тој мораше да го почитува глупавото правило. Јас сум против ова правило и сакам да се смени!", дополни Платини.

ИФАБ е формиран во 1886-та година од страна на фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска, Велс и Ирска, а нивните правила се прифатени од страна на ФИФА од нивното формирање во 1904-та година. Фудбалските правила ги регулираат претставници на четирите асоцијации од Велика Британија заедно со уште четири претставници на ФИФА,

3 март 2014 - 15:31