Нашите ракометарки имаа одлични 10 минути на тешкото гостување во Данска во кои одржуваа предност од два гола разлика, но домаќинките ги консолидираа своите редови и во 12 минута од мечот направија пресврт.
ЖРК Вардар потоа влезе во голема криза. Промашуваше од зицер позиции, а се разбрани и германската голманка која не им дозволуваше на нашите ракометарки да стигнат лесно до погодок.
Ракометарките на Митјиланд во 20 минута веќе имаа и доста солидна предност од +5 гола која постојано ја одржуваа се до паузата кога заминаа со уште покомотно водство од 15:9.
Вардарки имаа лош старт во вториот дел, играа слабо во одбраната, а во еден момент имаа највисока негатива од -7. Отсечена во играта беше најдобрата ракометарка во светот Андреа Лекиќ.
Избраничките на Кастратовиќ пристиснаа на средина од вториот дел и во 46 минута конечно успеаа да ја вратата неизвесноста на мечот кога беше стопена предноста на данските ракометарките на само 2 гола предност.
Домаќинките успеаа да се вратат на +4, а највозбудливо беше на 3 минути до крајот кога Вардар за прв пат во вториот дел стигна од -1. Митјиланд остана и со играч помалку, но во следниот напад реализираше седмерец.
По грешката во додавање на Лекиќ, следниот напад не го искористија ниту Данкињите, а Вардар беше упорен и повторно намали на -1 со што го постави и конечниот резултат.
Најпрецизни во нашиот табор беа Андреа Лекиќ со 7 и Маја Зебиќ со 4 голови. Следниот меч Вардарки повторно го играат на гости, овој пат против тимот на Турингер на 9 март.