Белгискиот футсал играч Омар Раху ќе поседи долго време на трибина. Европската куќа на фудбалот одлучи да го суспендира на наредните 10 меча откако на Европското првенство минатиот месец против Романија направи анти-семитски гест со рацете.
УЕФА соопшти дека гестот има дискриминирачка конотација и фудбалерот со тоа го прекршил членот 14 од Дициплинската регулатива која вклучува расизам и друга дискримитирачка пропаганда.
За ист ваков гест кој се смета за навредлив за евреите настрада Николас Ањелка кој го употреби при прославувањето на гол против Вест Хем. Тој доби двојно помала суспензија од 5 меча и парична казна од 80.000 фунти.