БЛ 11-то коло (прв ден)

UNIQA фуриозно против Arcelor Mittal

Стартуваа натпреварите од 11-то коло од Бизнис Лигата на Македонија.

UNIQA фуриозно против Arcelor Mittal
UNIQA 14-4 (9-3) Arcelor Mittal

UNIQA: Арбен Нухиу 1', 4', 5', 7', 17', 34', 34', 37', Ибиш Мисини 3', 35', Љуљзим Каштањева 4', 21', Влатко Деспотовски 11', Дарко Фотевски 19'
Arcelor Mittal: Горан Трајков 6', Дејан Велковски 9', Игор Герасов 14', Марјан Стојановски 23'
Апсолутна доминација во текот на целиот натпревар имаше екипата на UNIQA, која што уште на на самиот почеток ја презеде иницијативата и контролата врз целиот натпревар и ваквата игра ја форсираа до самиот крај. Arcelor Mittal се обиде на неколку наврати да се врати во натреварот, пред се со внесување на голман играч во своите редови, но и тоа не вроди со плод па го загубија овој натпревар со 14-4. Полувреме 9-3.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Оилко
ЕЛЕМ 8-4 (4-3) Оилко
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 5', 11', Антонио Ничевски 8', 21', 25', 29', Менде Фидановски 21', Диме Милевски 34'
Оилко: Сашо Крстев 10', Кире Павловски 12', Дејан Димковски 16', Ванчо Димовски 25'
Крајно неизвесно прво полувреме. И двете екипи се прикажаа во одлично светло играјќи цврста одбрана со одлична реализација во нападот. Екипата на ЕЛЕМ буквално во последната секунда од првото полувреме успеа резултатски да се одлепи постигнувајќи гол за 4-3 на полувремето. Во второто полувреме ЕЛЕМ ја сврте играта во своја полза, заигра доста подобро во нападот остварувајќи солидна предност од 8-4.

Глобко Логистик преку одличен напад до победа над One
One 2-7 (1-2) Глобко Логистик
One: Дарко Таневски 20', Слободан Кекеновски 25'
Глобко Логистик: Александар Божинов 6', 23', 36', Иван Стојановски 12', 33', Игор Димитровски 38', Небојша Јовановски 40'
Глобко Логистик во исклучително возбудлив натпревар ја совлада екипата на One. Во првото полувреме Глобко Логистик замина со само еден гол предност, но во второто полувреме пред се благодарение на одличниот напад ја свртеа играта во своја полза и се изборија за победа на овој напревар од 2-7.

4 март 2014 - 08:18