Вести

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Речник

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Емоциите во светот на QWERTY

Ако сакате да напишете нешто позитивно, форсирајте ги буквите кои се наоѓаат на десната страна на вашата тастатура. Со левите имаме мака при пишување па затоа и при читање не ни се... некако.

Осама и скараните сопруги

Ситуацијата во куќата на Бин Ладен пред нападот на Фоките, била толку лоша што првиот човек на Ал-Каеда веројатно би им се предал на специјалците само за да се спаси од жените.

Слим, најбогатиот милијардер на светот

Со нето вредност од 69 милијарди долари, Карлос Слим е прогласен за најбогатиот човек на светот според Форбс. Годинава листата на Форбс има рекордни 1.226 милијардери.

Дојде iPad 3

На конференцијата во Сан Франциско, првиот човек на Епл, Тим Кук, ја претстави третата генерација на iPad. Најрано што ќе може да ја имате е следниот петок (16. март).

Читањето е мајка на приватноста

За да ја прочитате секоја политика за приватност што во текот на една година ја среќавате на интернет, ќе ви треба да одвоите цели 76 работни денови.

Прв ред ти се позлатил

Сите оние славни личности во првите редови на модните ревии не се таму толку многу за модата, колку за дневница.

Надувани очекувања

Кога се кандидираше за претседател, ветуваше дека медициннската марихуана ќе ја остави на регулативата на сојузните држави и локалните власти. А сега е бетер од Буш.

Берзата ги изгоре милијардерите

Ние во вторник пуштавме нов сајт, 20-те најбогати луѓе на светот во вторник на берза изгубија над 10 милијарди долари.

Кога порталите бутаат стероиди

Некои од најголемите балкански портали се "фатени живи" како неферски ја билдаат својата посетеност со помош на трикчиња познати и во македонскиот веб простор - iframe и поддомени.

Кој сака iPad 3?

Барем според неколку различни анкети, на неколку дена пред официјалната промоција, изгледа сите сакаат.

Олимпијадата во живо на Јаху

Јаху е на добар пат да им ги 'украде' на телевизиите правата за пренос на Олимпијадата и комплетно да ги префрли игрите на интернет.

Хром со најинтелигентни корисници?

Гугл Хром има најпаметни корисници во споредба со другите браусери, барем по основа на сложувалки.