Како што се тврдеше и пред претставувањето, новиот iPad ќе има ретина дисплеј, со што 9,7 инчниот екран добива 3,1 милион пискели на резолуција од 2048 х 1536. Освен повисоката резолуција, екранот ќе добие и посилни бои.
Новата верзија ќе има и посилен процесор (А5Х), графички чип со четири јадра и нова iSight камера со 5 мегапискели, со која ќе може да се снима HD видео со квалитет од 1080р. Ова е истата камера што веќе ја има во iPhone 4S.
Овој пат се потврдија и гласините дека "тројката" ќе има и 4Г конективност, која според Епл ќе значи брзина на мобилен интернет и до 73 мегабити во секунда, во зависност од мрежата на операторот.
Со сите овие промени и надградби, новата батерија треба да трае 9 часа со вклучено 4Г. Новата верзија е дебела 9,4 милиметри и тежи 635 грама или 34 грама повеќе од 2-та.
Новата верзија ќе биде достапна во продажба на 16 март, а веќе од денес може да се направат пред нарачки. Таблетот во исти ден ќе се појави во продавниците во САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Швајцарија и Јапонија, а во најголемиот дел од остатокот на светот ќе биде достапен на 23 март.
Цената на таблетот ќе биде 499, 599 и 699 долари за моделите со 16, 32 и 64GB. Доколку сакате таблет со 4Г конективност, истите модели се поскапи за по 130 долари и чинат 629, 729 and 829 долари.
Она што е малку збунувачко околу целата работа е што новиот Ајпад ќе се вика "новиот Ајпад" (the new iPad).
Инаку, Епл планира да продолжи да го продава iPad 2 и тоа по намалена цена, од 399 долари.