Речиси половина од сегашните сопственици на iPad планираат да ја купат "тројката," покажала анкетата на PriceGrabber. Од нив 11% ќе го направат тоа во првата недела, 20% во првиот месец и 39% до крајот на 2012.
Од друга страна анкетата на InMobi направена меѓу 689 корисници на мобилни даде поинакви резултати. Меѓу нив:
+ 29% од испитаниците планираат да купат iPad 3 - а 54% од нив не поседуваат таблет.
+ 65% од оние кои планираат да купат iPad 3, би размислиле за купување на некоја од претходните две верзии на таблетот по намалена цена.
+ 50% се подготвени да платат повеќе од 500 долари. Но ако "тројката" е над 599 долари, 57% изјавиле дека би купиле постар модел.
+ 44% изјавиле дека не ни размислуваат да купат таблет од некој друг бренд. Но од оние што размислуваат, 27% би се решиле за Самсунг Галакси. Околу 14% би го купиле Киндл од Амазон.
Во однос на новите карактеристики, корисниците најмногу сакаат: побрз процесор (57%), батерија што трае подолго (47%), екран со подобра резолуција (46%) и 4Г (43%).
Неделава, првиот човек на Епл, Тим Кук, ќе го објави најновото продолжение на iPad, кое според аналитичарите треба да има побрз процесор, 4Г безжичен интернет, екран со поголема резолуција и ретина дисплеј.
Од неговата промоција во 2010-та, Епл има продадено над 55 милиони примероци на таблетот.