Во студијата за Карнеги Мелон две истражувачки пресметале дека 2.514 зборови е просечната должина на политиката за приватност на 75-те најпосетувани сајтови во САД. Земајќи во предвид дека 250 зборови во минута е просекот за читање на академски граѓанин, излегува дека еден ваков правилник се чита за 10 минути.
Она на што се акумулираат овие 76 работни денови е бројот на политики за приватност со кои годишно се среќава просечниот корисник, кои во студијата се пресметани на 1.462.
Пресметано на ниво САД (број на интернет корисници х политики на приватност), ова значи дека годишно во земјата би се потрошиле 53 милијарди часови на читање на правилата за приватност на интернет страните.
Тоа што никој нема да потроши 76 работни денови на читање, не го менува фактот дека целиот овој систем не функционира и во основа е погрешен.