Добар дел од ѕвездите се ангажирани од самите креатори да седат во првите редови со цел да привлечат што е можно повеќе внимание на конкретната ревија за време на модните недели.
За оваа чест, ѕвезди како Бијонсе и Ријана наплаќаат околу 100.000 долари од ревија.
"Ова е целосно не професионално. Никогаш не сум и платила на славна личност и никогаш нема да и платам. Знам дека ќе ме мразат за ова, ама гајле ми е, бидејќи сметам дека тоа е одвратно," изјавила француската креаторка Никол Фари.
На настани како Лондонската модна недела, дизајнерите се натпреваруваат за околу 160 милиони долари во идни нарачки. До сега се покажало дека на овие настани како проверен начин да се привлече вниманието на медиумите е во првиот ред да се седнат што е можно повеќе славни личности.
"За жал публиката не може да идентификува дали дизајнерот навистина е пријател со ѕвездите или некому му било платено да седне во првиот ред," објаснува Ема Вајтхеар, од агенцијата White Smoke Communications.