Последните неколку недели Бин Ладен ги минал во расправии со сопругите, заради недоразбирањата меѓу најмладата и најстарата сопруга.
Регуларно во спалната на Бин Ладен спиела најмладата сопруга, Амал Ахмед Абдел-Фата- Ал-Сада, која во 1999-та на 19 годишна возраст се омажи за Осама.
Проблемите меѓу сопругите настанал на почетокот од 2011-та кога највозрасната сопруга, Хариа Сабер, се преселила во вилата. Сабер му е сопруга на Бин Ладен уште од крајот на 80-те.
Заради недоразбирањата, останатите членови на семејството кои живееле во вилата во Аботабад, биле уверени дека највозрасната сопруга планирала да го предаде лидерот на Ал-Каеда.
Инаку, дури и луѓето од пакистанската тајна служба кои ја испрашувале Хариа биле застрашени од најстарата сопруга на Бин Ладен, пред се од нејзината агресивност додека била испрашувана.
Инаку, во вилата Бин Ладен живеел со трите сопруги, 8 од неговите 20 деца, пет внуци и 11 други луѓе.