Олимпијадата во живо на Јаху

Јаху е на добар пат да им ги 'украде' на телевизиите правата за пренос на Олимпијадата и комплетно да ги префрли игрите на интернет.

МОК во февруари ги одби понудите на Canadian Broadcasting Corp. и BCE Inc. за пренесување на Сочи 2014-та и Рио 2016-та во Канада, по што правата се достапни за купување.

"CBC и CTV имаа две ниски понуди. Има и други опции а Јаху е една од нив," изјавил консултантот за телевизиски права на МОК, Питер Сисам.

Доколку Јаху ги откупи правата за Олимпијадата, игрите во Канада комплетно ќе бидат пренесувани на интернет.

Двете канадски телевизиски мрежи дале ниски понуди бидејќи се уште не се сигурни дали играчите на NHL ќе потпишат договор со МОК и ќе учествуваат на игрите. Освен тоа, проблемот со игрите во Русија е и временската разлика, што ќе претставува проблем за постигнување високи рејтинзи.

Се проценува дека понудата на CBC се движела околу 70 милиони долари за двата настани заедно, што е околу половина од она што беше платено за Олимпијадата во Ванкувер.

Јаху има многу поголем раст на посетеност и профит во Канада, отколку во САД. Според статистиките, 60% од интернет корисниците во земјата секој месец ги посетуваат сајтовите на Јаху. За време на зимската Олимпијада во Ванкувер, Јаху собра повеќе од 40 милиони 'уникатни' посетители.

6 март 2012 - 09:07