Живот и забава

Корејците имаат вештачко сонце потопло од Сонцето

Ако нашиот вид еден ден реши дека мора да се замине од оваа планета (заради неиздржливата клима, Кардашијанки или штогод) и притоа умее да замине во некои поладни региони на вселената, можеби ќе имаме начин како таму да не изѕемнеме.

Гугл Синдикат

Тоа што луѓе обично го толкуваат како „фирма со многу програмери“ всушност е конголмерат со 120.000 вработени (Велес и Струмица заедно имаат околу 110.000 жители). За прв пат овие 120.000 вработени се на пат да имаат синдикат.

Ако некогаш сте јаделе мразулци, најдете нешто друго за читање

Една од најстарите зимски заповеди „не јади жолт снег“, се надополнува со нешто кое метеоролозите одамна го знаат - „не јади мразулци што висат од кров“.

Амазон, од а до п

Корпоративниот гигант станува еден од најсериозните непријатели на планетава. Луѓе пресметале дека во една година, Амазон зад себе остава пластика со која може целата планета да се опаша 500 пати.

Додека ние почнеме со вакцинација, Израел ќе заврши

Израел има фасцинантни резултати во вакцинирањето на популацијата. Со вакво темпо, ќе завршат работа до март-април.

Година на разумни одлуки

Знаеш дека си претерал со пиење на божиќна ноќ ако си почнал да пиеш како Томас а си се разбудил како Селин Дион.

Оксиметрите се некако - расистички

Популарните мали уреди кои личат на штипка и го мерат нивото на кислород во крвта, според една нова студија имаат три пати поголеми шанси да покажат погрешен резултат ако му мерат кислород на црн човек. 

Дезинфицирањето на сè и сешто излезе дека не се исплати

Во далечниот март 2020 човештвото се даде на беспоштедно дезинфицирање на секоја можна површина како да ќе исполнуваат критериуми за биохемиска лабораторија. Многу антибактериски марамчиња и литри Дизентал подоцна, излезе дека беспоштедното гланцање на сè и сешто и не е неопходно.

Трипер, уште ти ни фалиш

Над Европа (и светот) не кружи само еден бауч, оној на ковид-19. Масовното и прекумерно користење на антибиотици доведува до тоа некои речиси банални бактерии да станат супер-бактерии кои се резистентни на сè што имаме против нив. И во следните децени ќе нè косат како канцер.

Ако СЗО не ти расипе расположение, кој?

Пандемијата на ковид-19, оваа што моментално ја преживуваме и што му крена „рачна“ на цел свет, и не мора да значи дека е од големите, се зборовите на организацијата која со месеци не можеше еден крај да пофати – СЗО, која има што да каже и за вакцините.

Нема веќе чоколатциња на каса

Британските власти веќе ја разработуваат забраната за поставување на една од најголемите супермаркет замки, лапни-голтни чоколатциња, бонбони, енергетски пијалаци и се останато што е на база на многу нездраво и многу шеќер. Не, тоа не значи дека брокула ќе стават до каса.

Како Јужна Кореја е толку добра во справување со коронавирусот?

Да, де, и тие се луѓе и ние сме луѓе, и тука отприлика застануваат сите сличности меѓу нас и нив (па и остатокот од светот и нив).

Фабриката за Ајфон во Индија гореше заради плати од 7 долари месечно

Мнозинството од речиси 2.000 работници кои ја завршуваат ноќната смена во фабриката на Вистрон за производство на Ајфон во Нарсапура, на излегување почнаа да кршат низ канцелариите и погоните, а дел од нив палат и службени возила. За сега штетата се проценува на 7 милиони долари.

Како Њујорк тајмс ја оплеска со подкастот за ИСИС

Наградуваната серија подкасти „Калифат“ ја раскажува приказната на Шерорз Чодри, Канаѓанецот со пакистанско кој бил радикализиран он-лајн по што заминува во Сирија и се приклучува кон ИСИС каде станува егзекутор и убива затвореници во име на организацијата. Излезе дека Тајмс повеќе имал мерак да најде поранешен егзекутор, отколку што нашол поранешен егзекутор.

Рециклирањето пластика е чиста измама

Концептот одлично функционира на хартија и теоретски стои на здрави темели, но во пракса колабира на секој чекор, освен во делот каде ти го трошиш своето време за сортирање на отпадот.

Што е со мутацијата на ковид-19 што ја блокираше Британија?

Соседите на Британија почнаа да се затвораат за патниците од островот, а на самиот остров е воведено ново повисоко ниво со построги мерки за изолација и дистанцирање за време на Божиќните празници, откако беше откриено дека таму се шири нова и позаразна варијанта на ковид-19.

Тие што ќе одбијат вакцина, треба да се откажат и од респиратор

Секој што од себе познати причини нема да сака да се вакцинира против ковид-19, би било поштено да се откаже и од користење интензивна нега (ако не дај боже затреба).

Што со елката?

Знаете ли колку загадување прави една природна новогодишна елка, особено во случај да ја фрлите, а не горите? Добро е, ние сме со вештачка елка? А знаете ли дека вештачка е бетер?

Слободно продолжете да не јадете месо, ама тоа не ја спасува планетава

Логиката е дека сточарството има значителен удел во загадувањето на Земјата, па заради тоа и порцијата кременадли пред тебе доаѓа со значителен еколошки товар, е па, не е баш така.

Светот ја има првата посмртница од загаден воздух

Посмртницата на едно 9 годишно девојче од Велика Британија е првиот таков документ во кој како причина за смртта се наведува загадениот воздух. Лондонскиот градоначалник Садик Кан смета дека ова треба да биде пресвртен момент отровниот воздух да почне да се третира како здравствена криза.

Постигната е телепортација на рекордни 22 километри

Екипа од НАСА, Харвард и AT&T направиле сериозен исчекор во потрагата по квантниот интернет, технологија од која се очекува на безброј начини да го револуционализира компјутерскиот свет.

Ковид е посебно опасен за лица со Даунов синдром

Смртноста од ковид-19 меѓу лица со Даунов синдром е 10 пати поголема отколку кај останатите. Овој добро документиран факт мора да се земе предвид при правењето планови за групи кои ќе бидат вклучени во раната имунизација.

На домашен Божиќ со маска

Светската здравствена организација процени дека Европа е под висок ризик за распалување на пандемијата и препорача на семејните божиќни собирања, глупо - не глупо, да се биде со маска. За Свети Никола ништо не кажаа.

Гревовите на Фајзер

Фармацевтскиот гигант Фајзер чија вакцина за ковид почна да го освојува светот (а и Македонија се учипи) ја има платено најголемата отштета во областа на здравствената заштита: изброија 2,3 милијарди долари само во еден случај. А тоа ни оддалеку не е сè. Компанијата има повеќе пријави од оној со платформите на Матка.