Свет

Странците скапо ја чинат Германија

Германската влада погрешно пресметала колку је чинат давачките за социјална помош. Грешката не е мала туку двоцифрена бројка во милијарди евра. Процениле дека за таа потреба ќе треба да се одвојат 36 милијарди евра а испаднало дека ќе требаат 46. Лавовски дел од таа социјална помош ја користат странци во Германија.

На ред се цивилите

Британската армија е станата премногу мала и затоа граѓаните на земјата мора да бидат подготвени да се борат ако затреба, е препораката која доаѓа од британскиот парламент.

Русија ги врза Шахид дроновите на Старлинк

На еден од соборените ирански дронови што Русија ги лета над Украина за прв пат е откриена опрема од Старлинк, што според воените експерти сериозно ги крева капацитетите и убиственоста на дронот.

Предизвик од 1 милион долари за организирање Прајд во Палестина

Група која има проблем со хипокризијата зад ЛГБТ поддршката за Палестина, им понуди на „Квирови за Палестина“ или која било друга американска ЛГБТ организација 1 милион долари за да организира геј Прајд парада во Газа или Западниот брег.

Путин објави нуклеарно предупредување до Западот

Русија би можела да возврати со нуклеарно оружје доколку е нападната со конвенционални ракети, а секој напад на Русија поддржан од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад, е пораката од Путин до западните лидери.

Сојузниците на Украина не се оптимисти околу „Победничкиот план“ на Зеленски

Планот на Зеленски нема никакви вистински изненадувања, тврди лице упатено во разговорите, а според друг извор, нема никакви вистински изненадувања во планот и истиот нема да доведе до некоја поголема промена. Третиот извор што го пренесува Блумберг планот го опишува како „листа на желби“.

Во Москва инвестициски бум од воени пари

Милијарди долари што Русија, не по мерак на Западот, ги инкасира од продажба на енергенси на крај завршуваат како инвестиции во економијата на градот Москва и придружниот регион, проценува Форбс.

Израел докажа дека ОН се јалова организација

Во тек е седница на Генералното собрание, глобалниот парламент кој може да биде многу битен кога Советот за безбедност е парализиран од ветото. Но, што може да каже генералниот секретар за да ги убеди земјите-членки дека Повелбата на ОН сè уште може да се примени на окупираните палестински територии, во Украина разурната од војна а сега потенцијално и во Либан?

Италија на чекор од хемиска кастрација

Пратениците на италијанскиот парламент дадоа дозвола за основање на комитетот кој треба да изработи предлог закони за третирање на насилни силувачи со блокатори на хормони.

Мирот бара ракетирање длабоко на руска територија

Планот што Зеленски има намера да им го претстави на сојузниците бара носење брзи одлуки од партнерите на Украина, поконкретно дозвола за стрелање длабоко на руска територија со западни проектили со голем домет.

Како Израел создаде модерен Тројански коњ

Израелската влада нема ништо изменето на пејџерите и токи-воки станиците на Хезболах што експлодираа. Не, таа ги има произведено сите до еден, специјално за Хезболах, во операција која трае со години.

Еден милион луѓе убиени и повредени во војната во Украина

Во време кога и Русија и Украина одбиваат да објават официјални бројки, а и на тие што ги објавуваат никој не им верува, Вол стрит журнал тврди дека вкупната бројка на загинати и повредени во војната ја достигнала границата од 1 милион.

Илон под истрага за твит

Американската Тајна служба започна со истрага на Илон Маск откако овој по вториот обид за убиство на Трамп на Икс напиша дека е малку чудно што никој не се обидел да изврши атентат врз Бајден или потпретседателката Камала Харис.

Холандија бара поштеда од ЕУ правилата за азил

Холандската влада сака да излезе од заедничките правила на Европската унија за добивање азил. Во име на владата тоа го побара нивната министерка за миграција и азил, Марјолин Фабер, од крајно десничарската Партија на слободата која рече: Ќе мора ова прашање уште еднаш сами да го решаваме. ЕК веднаш ги одби.

Израелскиот удар ќе ја смени планетава

Израелскиот брутален придонес кон воената креативност со синхронизирано експлодирање на илјадници пејџери и токи-вокија предизвикува глобална вознемиреност каде е крајот и дали ваквите акции можат да доведат до истребување на поедини нации или религии. Што ако некоја служба процени дека некој треба да биде дигнат во воздух додека стои пред вас во ред во продавница?

Мелони им го плесна: Тоа зеленото ви е малку глупо

Италијанската премиерка, најпрецизно од сите други ЕУ лидери досега, порача дека зелената агенда на Европската унија не е баш најпаметна стратегија ако значи губење на илјадници работни места и затворање на доходовни индустрии. Жената која уште го носи товарот на нео-фашист, покажа дека форсирањето на некои јавни политики денес, може да е поавторитарно од некои страшила од минатото.

Пентагон стравува дека пејџерите беа најава за почеток на војна

Експлозиите на пејџери и останати уреди за кои се верува дека ги носеле милитанти на Хезболах, Пентагон го толкува како можен почеток на копнена војна во Јужен Либан меѓу Израел и Хезболах.

Германија е поопасна за Шенген отколку лудориите на Орбан

Во Шенген зоната се создаде дупка со облик на Германија, откако земјата реши да воведе гранични контроли на сите свои копнени граници. Ако можат тие, зошто не и ние?, бргу потоа праша холандскиот десничар Геерт Виклдерс. А потегот на Берлин е малку театар за покажување мускули: тие воопшто и немаат доволно полицајци да ги чуваат сите граници.

Зеленски бил наговаран да не го нападне Курск, ама не послушал

Дел од највисокото украинско воено раководство го преиспитувало планот за извршување на инвазија преку руската граница и освојување на руска територија, пренесува магазинот Политико.

Мосад дигна во воздух илјадници пејџери на Хезболах

Застрашувачка демонстрација на моќта и оперативната ефикасност на израелски МОСАД. Пресретнале илјадници пејџери нарачани од непријателскиот Хезболах во Либан, ставиле што треба да стават во уредите, почекале да бидат поделени меѓу борците во Либан и Сирија и истовремено им ги експлодираа со лажна порака. Кому в рака, кому в џеб. Јој!

Почна судската битка за наследник на Руперт Мурдок

Основачот и актуелен господар на медиумската империја и богатство проценето на 14,9 милијарди фунти, Руперт Мурдок деновиве на суд во САД треба да се објасни со своите три најстари деца чии се парите.

Атентатите врз Трамп се покриваат со погрешни прашања

Оние кои после првиот атентат врз Доналд Трамп не веруваа дека тоа е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, беа убедени дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Ете, се случи и втор обид. А големите медиуми поставуваат брилијантно погрешни прашања, од типот, мора ли Трамп толку да игра голф?

Италија на раб на зовривање, им поскапе кафето

По процените на една од најголемите потрошувачки асоцијации во земјата, Асоутенти, цената на шолја еспресо во земјата од 2021 е покачена за 15%, и денес на одредени локации таа знае да чини и до 2 евра. Мхм, за 2 евра еспресо ќе се фаќаат за кука и мотика.

Нема деца

Колапсот на стапката на новороденчиња која почнува во Европа по Втората светска војна, во изминатите децении е проширена низ цел свет. Да, вклучително и Кина.