Стравот во највисокото раководство на Пентагон дека Израел наскоро би можел да започне офанзива е уште пред да пукне и првиот пејџер.
Алармираноста само се интензивира по нападот, по кој, според раководство на Пентагон, работите може да излезат од контрола.
Освен пејџерите, Израел изминативе денови премести дивизија на командоси и падобранци од југот на северот на земјата, откако истите со месеци беа зафатени во Газа.
Она што ги смирува Американците е што Израел се уште не почнал со свикување резервисти, што се смета за знак за неизбежна инвазија. За да не бидат раат, тие објаснуваат дека постои сценарио и Израел да започне со помала операција која побрзо би можел да ја организира без премногу да ја мрда останатата војска.
Во средата Израел објави дека ќе започне нова фаза од војната против Хезболах, доколку милитантите на организацијата не се повлечат од јужната граница на Либан.
Пораката на портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Џон Кирби, беше дека се уште има можност кризата да се реши со дипломатија а не војна, и дека „ништо не е неизбежно.“