„Мрачните процени на планот го подвлекуваат продлабоченото чувство на песимизам меѓу сојузничките држави додека војната веќе влегува во својата трета година.
Сојузниците се плашат и од се послабата поддршка за Украина доколку Трамп се врати во Белата куќа на изборите кои се за шест недели од сега.
Двајцата функционери со кои разговаравме порачаа дека најмалку еден од сојузниците предложил дека е време одново да се обиде да му се контактира со Владимир Путин, без разлика дали од страна на Зеленски или од друга држава,“ пишува Блумберг.
Стравот на Западот е и што Русија и понатаму упорно работи на зголемување на своето воено производство, и дека истото би имало влијание и надвор од војната во Украина. Ова се однесува на планот на Москва да го зголеми своето трошење на одбрана на рекордни (за Русија) 142 милијарди долари годишно до 2025.
Забелешката на дипломатите е дека Зеленски нема објаснето како ќе изгледа мирот. Украинскиот претседател главно порачува дека планот што го има ќе ја стави Украина во посилна позиција за идни дипломатски разговори со Русија. Стравот на Киев е дека прекин на огнот без јасни гаранции ќе му дозволи на Путин повторно да нападни откако ќе закрепне и ќе се вооружи.
Пораката на Зеленски подоцна ја дообјасни неговиот шеф на кабинет, Андриј Јермак, дека планот предвидува покана за Украина за приклучување кон НАТО.