За секој од наведените случаи и како и за други конфликтни ситуации во светот, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН покажаа презир кон Повелбата и постојано ја поткопуваа, одбивајќи да ги прифатат најосновните начела на меѓународното право. Одново и одново ветото, кое беше дизајнирано да се користи за одржувањето на Повелбата, стана средство за нејзино негирање. Гутереш оваа недела се заложи за голема реформа на Советот за безбедност, но нерешливите поделби најверојатно ќе му ја задушат иницијативата.
„Мандатот на Гутереш минува во знак на негова постојана претпазливост,“ вели Марк Седон, пишувач на говори на претходниот генерален секретар Бан Ки Мун.
Додека институциите на ОН, како што е Меѓународниот суд на правдата, ја осудија израелската окупација, генералниот секретар не сакаше да го повика на одговорност Џо Бајден поради неговиот мек став кон Израел.
На Газа се фрлаат проектили купени од САД а сега борбени авиони испорачани од САД го бомбардираат Либан.
Гутереш беше премногу претпазлив иако Израел ги гаѓаше и хуманитарните работници на ОН. Загинаа околу 289 хуманитарни работници, вклучително и 207 членови на тимот на УНРВА и 885 здравствени работници.
Генералното собрание на ОН всушност е глобален парламент и може да се вклучи кога Советот за безбедност е парализиран. Со огромно мнозинство (без Македонија, таа е фабрички воздржана од морални ставови), собранието гласаше за воведување санкции врз Израел и ја потврди пресудата на Меѓународниот суд на правдата која законски ги обврзува сите земји-членки да го прекинат соучесништвото околу нелегалната воена окупација на Палестина од страна на Израел. Исто како што направи Генералното собрание во случајот со апартхејдот во Јужна Африка, сите земји-членки сега се обврзани да воведат сеопфатно воено ембарго, меѓу другите санкции.
„Тркалата се движат, бидејќи глобалниот југ сè повеќе зборува како едно“, пишува Седон, додавајќи дека моќта на ОН одамна е разводнета.
Некои веруваат дека Кир Стармер ќе биде британскиот премиер кој може да гласа за санкциите и да ја остави Америка поизолирана, но скептиците се сомневаат во тоа. А скептиците досега многупати биле во право.