„Добредојде во клубот“, му порача унгарскиот премиер на германскиот канцелар штом од Берлин стигна вест дека Германија ги проширува контролите на сите свои копнени граници ( Види: Германија на Шенген не верува). Јасно е кој е клубот: оној кој со години го предводи токму Орбан и е против менување на европската демографија со прилив на мигранти.
Германската политика не е иста со онаа на Орбан кој е конфликтен во однос на Брисел и ригидно против сите негови досегашни верзии на миграционите закони на ЕУ, но токму затоа, потегот на Берлин би можел да претставува подалекусежен ризик за шенгенската зона.
Иако тоа е зона која во теорија нема контрола на внатрешните граници, низа земји (повремено и привремено) воведуваат таков надзор. Во моментов такви одлуки за дел од своите граници имаат Австрија, Словенија (кон Хрватска), Италија, Франција.
Наспроти формалната аргументација (зголемен број илегални преминувања) потегот е и политички мотивиран со последните случувања: на последните избори во две покраини, трите партии од владеачката коалиција заедно не добија ни половина од гласовите на антимиграциската радикална десница. Следуваат и други покраински избори каде изгледите се слични па на владејачките партии може добро да им дојде малку да покажуваат мускули на границите.
Дека се работи за политички маневар сугерира и предупредувањето на германскиот полициски синдикат дека воопшто нема доволно полицајци да ја спроведуваат новата одлука. За тоа би им биле потребни уште пет илјади полициски службеници.
Но, беше јасно дека штом Германија е подготвена на вакви чекори, некои други тоа ќе го доживеат како зелено светло за слични потези.
Не требаше долго да се чека. Германскиот десничар Геерт Вилдер, чија партија е дел од владеачката коалиција, побара владата што побргу да воведе гранични контроли.
„Ако може Германија, зошто ние не би можеле?“ реторички праша Вилдерс.