Најголема корист од судирот меѓу Истокот и Западот за сега вади московскиот технолошки и ИТ сектор. Форбс ја пренесува информацијата на руски ТАСС, според кого годишниот прилив на инвестиции во Москва, приватни и државни, достигнал 73,5 милијарди долари, а извозот на технолошки производи за 2023 е проектиран на околу 1,7 милијарди долари.
РФТ (Russia Fossil Tracker) проценува дека од 2022 Русија има наплатено околу 742 милијарди долари од извозот на фосилни горива, дури и по воведувањето на ограничувањето од 60 долари за барел и губењето на европските пазари.
Она каде Русија доби најголема помош од западот е ограничувањето на одливот на капитал од земјата, како последица на западните санкции. Се смета дека од 2015 до 2020 околу 150 милијарди долари излегуваат од Русија кон Западот (0,8% од БДП). По почетокот на војната, од земјата излегуваат рекордни 239 милијарди долари, кога од таму се повлекуваат западните компании. Меѓутоа во првата половина од 2023, според Москва тајмс, се проценува дека сумата е падната на 29 милијарди.
„Додека средната класа парите ги троши во ресторани и (главно) на кинески коли, олигарсите инвестираат дома. Заглавените милијарди во Русија започнаа бум кој потсетува на воениот просперитет што го доживуваат Санкт Петербург и Москва за време на Првата светска војна.
За време на претходните војни, воените договори, митото и компензацијата за умрените и ранетите ја крева инфлацијата и придонесува кон општиот презир кон власта кој доведе до две револуции и стави крај на Руската империја.
За сега, воениот бум го храни индустрискиот развој, а неочекуваните долгорочни последици е малку веројатно дека ќе бидат добредојдени на Западот,“ пишува Форбс.
Инвестициите во ИТ во Москва сериозно го креваат и технолошкото ниво на руската престолнина, чии жители на пример сега на располагање имаат најсовремени системи за он-лајн и безготовинско плаќање.
Во исто време градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, зголемените даночни приходи ги користи за развивање на инфраструктурата на градот, вклучувајќи електрични автобуси, ново метро и нови брзи железнички линии кои ја зголемуваат поврзаноста на подалечните московски региони со центарот на градот. Москва го има најголемиот број на електрични автобуси во Европа, или околу една третина од вкупниот број.
Форбс пишува дека Москва станува водечки руски хаб за развој на ИТ производи за извоз. Иако не е на ниво на индискиот софтвер и кинеските електронски производи, рускиот ИТ извоз ужива повеќе доверба на африканскиот и индискиот пазар отколку кинескиот софтвер.
Иако повеќе насочена на домашниот пазар и надзор и нивната ИТ индустрија работи на ВИ решенија, за кои се планира Русија да користи најмалку 1 гигават нова енергија за поддршка на дата-центрите во земјата.
„Трагичната заднина на оваа геополитичка промена е тешко да се игнорира. Меѓутоа секогаш има победници и поразени кога се придвижуваат тектонските плочи на геополитичките промени.
Додека стотици илјадници Руси и Украинци се убиени и ранети, светот е сведок на најголемото геополитичко порамнување од крајот на Студената војна. Русија и Кина, лидерите на БРИКС и Шангајската соработка, полека но сигурно се обидуваат да создадат противтежа на НАТО и ОЕЦД, а поларизацијата опфаќа и високотехнолошки раст поддржан од растечките приходи од енергенси.
Премногу е рано за да се каже дали воениот бум на Русија е одржлив и дали глобалната енергетска и технолошка поларизација може да се врати назад. Сепак ненамерните последици од конфликтот и санкциите се тука за сите да ги видат и да бидат длабоко размислени од следната американска администрација по ноемвриските избори,“ порачуваат од Форбс.