Квирови за Палестина како организација со исклучиво анти-израелски ставови се појави и почна сериозно да се шири по нападот на Израел на 7 октомври и израелскиот одговор на истиот.
На членовите и симпатизерите на организацијата ни најмалку не им пречеше тоа што Израел е една од нај ЛГБТ-френдли држави, како народ, така и закони, наспроти Палестина каде може во најдобар случај може само да те здробат од ќотек доколку разберат дека си геј.
Зад понудата стои Њу толеранс кампањата, на извесен Грегори Анџело, кој е геј и поранешен претседател на Лог кабин републиканс.
Тие објаснуваат дека добиле ветување за сумата, и дека наскоро ќе почнат со рекламирање на понудата на билборди околу Универзитетот Колумбија.
Како дел од кампањата Американците ќе бидат поттикнувани да им испраќаат директни пораки на раководствата на повеќе организации за правата на ЛГБТ популацијата и да ги охрабруваат да се борат за ЛГБТ правата во Палестина и арапските држави.