„Правилата за мигранти и добивање азил остануваат обврзувачки за Холандија,“ одговори портпаролот на Европската комисија на барањето на Холандија за „opt-out“ во поглед на правилата за добивање азил.
Од седиштето на Империјата, на Холандија ѝ беше порачано дека промена на правилата во суштина е можна но и дека тоа се процеси кои може да потраат со години бидејќи значат промена на договорите за што е потребен консензус од сите 27 земји-членки.
Владеачката коалиција во Холандија оценува дека земјата им се наоѓа во сериозна криза предизвикана од миграцијата, веќе воведоа промени во извесни правила но бараат поголема автономија околу тоа прашање, слично на онаа што претходно ја доби Данска.
Премиерот изјави дека и да не се сменат договорите, ќе мора да се стори нешто околу волуменот мигранти кои доаѓаат бидејќи неговата земја веќе не може да го издржи тој прилив.