Свет

Пентагон неколку дена бил раководен од плажа

Првите четири денови од годинава, најголемиот дел од Вашингтон, вклучително и Бајден немале поим кој раководи со Пентагон. Ова делумно се должи на тоа што министерот за одбрана Лојд Остин на Нова година тајно бил итно хоспитализиран, делумно затоа што неговата заменичка во тие денови била на плажа.

Украина собира поддршка за мир

Минатиот месец е одржан таен состанок меѓу група од седум сојузници на Украина, помала група на претставници на глобалниот југ и Украина, на кој требало да се собере поддршка за условите за мир што ги има Киев.

Израел нека тера како што мисли, ама да припази да не загадува премногу со војната

По сите слики со ужаси што излегоа од Газа, некој реши дека треба да ја пресмета долгорочната штета од загадувањето од воената операција на Израел, и како што може да се очекува, таа е речиси катастрофална.

На Украинците им треба освестување против кого се борат и колку имаат загубено

Две одделни видеа, двете од украински извори и двете повикуваат на освестување на украинскиот народ околу ситуацијата во која се наоѓа државата, војната и непријателот од кого треба да ја спасат својата татковина.

Уморниот Зеленски

Гледајќи го изгледот на украинскиот претседател последниов период, колумнистот на британски Телеграф констатира дека „уморниот Зеленски изгледа премногу слаб за да може да постигне победа.“

Украина ја спаси хаубицата

САД и британската компанија БАЕ го обновуваат производството на моделот на хаубица М777 која се покажа како едно од најуспешните западни оружја испорачани на украинскиот фронт. Претходно, последната нарачка за оваа хаубица е направена пред 5 години.

Затвор за климатските отоци

Заради создавање хаос кој го загрозува животот на останатите, вклучително и оние на кои им се потребни итните служби, секој што ќе се реши да блокира комплетен сообраќај во име на климатски правдини треба да заврши во затвор, предлага германската ЦСУ.

Украина треба да ги носи Абрамсите на надградба на оклоп

Два месеца откако Абрамсите влегоа во Украина, допрва треба да се види каква било трага од нив на фронтот. Како што пишува Форбс, не е јасно што прават 31 Абрамс тенк во Украина, ама јасно е што треба да почнат да прават: да го засилат својот оклоп за да парираат на руските камикази дронови.

Холандија треба да е на готовс за војна со Русија

Еден од највисоките офицери на холандската армија и порача на војската и општо на своите сограѓани дека треба да почнат да се подготвуваат за војна со Русија.

Панамскиот канал треба да се спасува, а тоа ќе биде скапо и малку возможно

Во време кога Суецкиот канал стана проблематичен за користење, Панамскиот, кој е една од главните кратенки на глобалниот поморски сообраќај што на глобалната трговија и скратува неброени километри и пари за транспорт, периодов е неупотреблив бидејќи нема вода.

Од Леопардите во Украина ретко кој остана

Од 18-те Леопард 2 тенкови што Германија и ги испрати на Украина речиси сите или се уништени и оставени на фронтот или се идентично неупотребливи како никогаш да не биле повлечени од фронтот, затоа што дремат на сервис а нема резервни делови.

Другата страна на „сиромашни се затоа што се диво племе“

На денешен ден на планетава речиси и да не постои случај на историска сиромаштија, беда и глад која не е директно поврзана со некоја од големите западни колонијални сили. Пример, хуманитарната катастрофа која се уште се одвива во Хаити од една и Франција, САД и банките, од друга страна.

Толку беше од Шолц?

Германските социјалдемократи минатата година никако не успеаа да пркнат во рејтинзите, а анкетите покажуваат дека тоа што најмногу им смета на рејтинзите е нивниот лидер и канцелар, Олаф Шолц.

Англискиот систем за азил е смешка

Два тазе примера од островот: шеф на албанска мафија осуден за шверц на милиони фунти останува во земјата затоа што има право да биде со семејството. Друг, од Судан, илегално влегува во државата и добива азил за да не го мачат ако се врати во матичната земја. По азилот, без никакви проблеми оди и се враќа од таму. А нас бескрајно нè тупат со визи.

Мир е возможен само ако Русија е уништена

Раатот на источното крило на НАТО може да биде осигуран само ако Русија излезе уништена од војната со Украина, порачува висок европски одбранбен функционер.

Национални паркови... на Месечината

Иако до сега само неколку луѓе стигнале до таму, научниците бараат на Месечината да се воведат национални паркови кои целосно ќе останат недопрени од човештвото и отпадот што човечките експедиции го оставаат зад себе.

Европски црвен картон за зеленото

Има цела деценија како главните политичари низ Европа престанаа да ветуваат подобрување на  животниот стандард на нивните гласачи и наместо тоа, понудија планови тој да се ограничи. Очекуваа повисоките трошоци за живот и деиндустријализацијата да биде мазно прифатено затоа што сето тоа требаше да се прави во име на „спасување на планетата“ од климатските промени.

Нè има плус 75 милиони

Светот годинава ќе ја заврши со глобална популација поголема од 75 милиони луѓе во споредба со тоа како ја почна, а вкупната бројка на луѓе на планетава веќе е стабилно над 8 милијарди.

ЦИА не може да најде шпиони во Кина

Пред десетина години, Кина на свој терен разби сериозна мрежа од преку 20 кинески шпиуни кои работеа за ЦИА. Некои беа затворени, некои ликвидирани, меѓу нив и високопозиционирани државни фукнционери. Од тогаш, Америка мача мачи да ја обвнови мрежата, ама, тенко. Што се случува зад затворени врати во Пекинг, за Вашингтон останува непознато.

Чеченското преземање на Даноне

Централата на Даноне во Франција летово изненадно почнува да добива телефонски повици од своите вработени во Русија откако пред нивните канцеларии се појавува група Чеченци поврзани со Рамзан Кадиров. Во тоа време француската компанија ги привршува договорите да биде продадена, но не на Чеченците.

2024, свет со две војни и 50 избори

Ризикот од ескалирање на судирот на Блискиот исток е последна во серијата непредвидливи кризи, вклучително ковид-19 пандемијата и војната во Украина, кои изминативе години и зададоа мечкини шамари на глобалната економија, занесувајќи ја од нејзиниот пат и оставајќи и лузни, пишува Њујорк тајмс.

Новиот пакет американска помош тера накај дефанзива?

Содржината на пакетот помош што САД и го испраќа на Украина главно дава увид за идните фази од украинските воени операции. Пред почетокот на контраофанзивата пакетот имаше повеќе оклопни возила и други системи неопходни за офанзивата. Новиот пакет, меѓу другото, има ХЕСКО бариери, кои главно имаат дефанзивна намена.

Анти-награди на 2023

Магазинот Политико во испраќањето на годинава организира и „награди за кои никој нема да дојде да ги земе“, а се однесуваат на некои од најголемите политичари во Европа плус Грета.

Веќе не гледате евтина струја

Без разлика на последните поевтинувања „времето на евтина електрична енергија е минато“ порачува првиот човек на германскиот регулатор, според кого во претстојните години треба да се очекуваат високи цени за струја.