Кај поубави, па и побогати

Поатрактивните вработени било поверојатно да имаат и поголема плата отколку не така нежните за очи колеги на исто ниво со нив, покажува едно истражување на темата „бонус на убавина“.

Во истражувањето се следи траекторијата на над 43.000 магистри од најдобрите американски бизнис школи. Како дел од истражувањето се користи машинско учење за да се добие објективна оцена на привлечноста на секој учесник врз основа на една фотографија.

Резултатите се дека лицата кои биле оценети како попривлечни имале 52,4% поголеми шанси да работат на посакувана позиција 15 години по завршувањето на бизнис магистратурата, и годишно да заработуваат по 2,4% повеќе отколку нивните колеги. „Бонусот на убавина“ во пракса им носи годишно покачување на платата од 2.508 долари, а кај 10-те проценти кои биле оценети како најпривлечни оваа сума изнесува 5.528 долари.

Тоа што ја издвојува студијава од претходни слични анализи е што следи период од над 15 години, што потврдува дека „бонусот“ не е нешто што исчезнува по првите години од кариерата.

Авторите, од Универзитетот на Јужна Калифорнија и Карнеги Мелон Универзитетот, ваквата разлика ја објаснуваат со два феномена: пристрасност по уверување и пристрасност по преферирање. Првиот се случува кога работодавачот претпоставува дека поубавите поединци е покомпетентни, поздрави и социјално повешти. Вториот пак потекнува од желбата да се работи или да се биде во близина на атрактивни поединци без разлика на нивните капацитети.

Бонусот бил најистакнат во полиња во кои преовладува социјалната интеракција, како менаџмент и консултанти, додека во технички индустрии, како ИТ и инженерство, наградите за привлечност биле далеку помали. Заради ова се случува и дополнителен феномен во кој поатрактивните поединци избегнуваат технички индустрии.

30 јануари 2025 - 13:41