Трамп ја откорна ДЕИ програмата од администрацијата

Сите вработените во американската државна бирократија кои се грижат за исполнување на ДЕИ квотите и агендата (разноликост, инклузија и рамноправност), од денес колективно се на платен одмор.

Одлуката важи веднаш, од завршување на денешното работно време, и е дел од планот на новата администрација за „преземање чекори за затворање / ставање крај на сите ДЕИ иницијативи, канцеларии и програми.“

Паралелно со колективниот одмор, сите веб-страни и сметки/профили на социјални мрежи ќе бидат изгасени, а веднаш се откажуваат и сите ДЕИ обуки што се во тек или се закажани.

Треба да бидат повлечени и сите документи кои се на чекање, директиви, наредби, материјали и планови за ДЕИ издадени како резултат на извршната наредба на Бајден за ДЕИ од јуни 2021.

Во текот на денот до федералната Канцеларија за менаџмент на персонал треба да биде испратена и комплетната листа на сите ДЕИ канцеларии и вработени кои работат таму.

На сето ова претходеше извршната наредба на Доналд Трамп за елиминирање на сите ДЕИ програми од федералната влада.

22 јануари 2025 - 15:12